Како да го намалите обемот на телефонски повици во вашата туристичка агенција?

Blog Section Image

Како функционира еден ден во туристичка агенција?

Во текот на високите туристички сезони, особено во текот на летниот период од годината, телефоните во седиштата на туристичките агенции непрестајно ѕвонат. Заинтересираните странки се јавуваат за да постават разни прашања во врска со туристичките дестинации, сместувачките објекти, цените на аранжманите... Воедно, за агентите да проверат достапност на слободни простории, имаат потреба постојано да контактираат со сите туристички агенции коишто го продаваат истиот закуп.

Ова укажува на фактот дека огромен дел од работното време на вработените во туристичките агенции, покрај услужувањето на потенцијалните клиенти во седиштата на агенциите и по телефон, се губи и во бесконечните телефонски разговори и имејл пораки помеѓу агентите во разните агенции, во кои тие меѓусебно секојдневно си ги поставуваат и одговараат горе-долу истите прашања, како на пример: „Дали има слободна просторија за букирање во сместувачкиот објект?“, „Која е максималната возраст на дете коешто не користи кревет да се смести во сместувачката просторија заедно со возрасните лица?“, „Колку е вкупната цена на аранжманот за сите патници со пресметаните попусти и доплати?“, „Каков поглед има вилата за којашто се интересира одредеден клиент“ и други прашања од овој тип.

Кога ќе се земе сето ова предвид, лесно можеме да се констатираме дека станува збор за застарен, традиционален начин на работење на туристичките агенции, којшто уште одамна бил воспоставен и се користи до ден-денес. Со технолошките можности на денешницата, сите работни процеси во агенциите можат значително да се убрзаат, поедностават и организираат, а со самото тоа ќе се заштеди многу време коешто може да се пренамени во подобар онлајн маркетинг, поефикасно услужување на поголем број заинтересирани клиенти и зголемување на обемот на продажба на туристички услуги.

Благодарение на можностите на онлајн платформата „Merakzy“, обемот на телефонските разговори помеѓу агенциите коишто го продаваат истиот закуп на сместувачки објекти, ќе се намали во голема мера. Во Календарите за достапност по објект и соба, сите субагенти ќе можат во реално време да проверат во кој термин, во која вила/хотел има слободна сместувачка просторија за букирање, без воопшто да имаат потреба да се јават кај агенцијата којашто е организатор на аранжманот.

Доколку има достапна просторија, за истата субагентите ќе можат веднаш, со неколку кликови да ја направат резервацијата за патниците и да ја зафатат просторијата и со тоа да ја направат недостапна за резервирање од страна на другите агенции. После завршувањето на резервацијата, платформата автоматски ќе ги изгенерира сите потребни документи поврзани со истата резервација (уплатница, договор за патување, ваучер и фактура - којашто автоматски ќе се испрати на имејл адресата на агенцијата која е сопственик на закупот).

Со ваквата дигитализација на соработката помеѓу агенциите и автоматизацијата на документите, телефонските повици меѓу агентите ќе се сведат на минимум и ослободениот дел од работното време ќе можат да го пренаменат во поефикасно услужување на заинтересираните клиенти.

Паралелно, ќе се скрати потребното време на агентите за услужување на клиентите преку телефон или во седиштето на агенциите, бидејќи благодарение на Календарите за резервација во Меракзи, ќе можат веднаш да им одговорат на која дестинација, во кој термин и во кој сместувачки објект има слободна сместувачка просторија со одреден капацитет, поглед и слично. Со само неколку кликови, ќе можат и да им одговорат која е вкупната сума на резервацијата којашто ќе треба да ја уплатат за сите патници, бидејќи системот автоматски ги пресметува доплатите за превоз, како и попустите за Early Booking, Last Minute, за деца според нивната возраст, како и за 3-то, 4-то лице.